Иднината на германскиот дефанзивец Антонио Рудигер во Челзи и понатаму не е сигурна.
Договорот на Рудигер со Челзи истекува на крајот на сезоната и ако не биде продолжен тој ќе си замине бесплатно. Бидејќи влегува во последните месеци од неговиот договор шпекулациите за заминување стануваат се погласни.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега се пренесува дека Реал Мадрид на Рудигер му понудил договор на пет години со плата од 11 милиони евра по сезона.
Меѓутоа опција за Рудигер е и Бундеслигата. Таму Баерн Минхен е во потрага по замена за Никлас Суле кој кариерата по завршувањето на сезоната ја продолжува во Борусија Дортмунд.
Сезонава во дресот на Челзи Рудигер одигра 34 натпревари во сите натпреварувања и постигна три голоа. Во Челзи Германецот е од 2017 година.