Пред Реал Мадрид е голема работа во летниот преоден рок, откако Зидан најави дека ќе направи доста промени во играчкиот кадар.
Кралскиот клуб беше доминантен во Европа претходните три сезони, но во оваа тотално потфрлија. Зинедин Зидан прифати да се врати на клупата на Кралевите откако даде отказ на крајот од претходната сезона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, францускиот стручњак призна дека е свесен дека пред него има многу работа, а пред се најавената реконструкција по крајот на оваа сезона.
Сигурно е дека неколку фудбалери ќе го напуштат Мадрид на крајот од сезоната, а Кралевите веќе имаат список на желби на играчи кои сакаат да ги донесат. Помеѓу останатите, тука е и Пол Погба за кој Зидан покажува голем интерес.
Сигурно е дека Реал ќе се обиде да го донесе Французинот, но од Јунајтед нема да го пуштат така лесно. Парите не им се толку важни, бидејќи сакаат Реал да им испрати неколку фудбалери во замена за Погба.
Англиските медиуми пренесуваат дека Кралевите се спремни да се откажат од дури тројца играчи за да го донесат Погба, а тука се Герет Бејл, Хамес Родригез и Тони Крос.
Нормално, во тој случај Јунајтед треба да доплати, но доколку ова е точно, Црвените ѓаволи нема да имаат ништо против бидејќи би добиле неколку одлични засилувања.