Дома Топ вести Реал Мадрид купува уште еден Бразилец

Реал Мадрид купува уште еден Бразилец

Реал Мадрид е силно заинтересиран за играчот за врска на Фламенго, Жоао Гомес, пренесуваат шпанските медиуми.

Гомес од 2020 година е во првиот тим на Фламенго и во последно време игра фантастично, па дури го истисна Видал од стартниот тим.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тој има договор со Фламенго до 2025 година, но неколку европски гиганти покажуваат сериозен интерес, а Реал сака да ја победи конкуренцијата.

Реал во него гледа идеален наследник на Каземиро, кој ова лето беше продаден во Манчестер Јунајтед.

21-годишниот играч за врска е посакуван уште од Ливерпул и Милан, но Реал има одлични односи со Фламенго и сака уште во јануари да го комплетира трансферот

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…