Мадритски Реал се подготвува за голема реконструкција во летото кое следи, „кралевите“ се надеваат дека ќе успеат да ги доведат своите мети со цел да избегнат уште една сезона за заборав.
Според информациите кои во јавноста ги пласираа шпанските медиуми, Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе потроши 500 милиони евра за засилувања.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Една од желбите е Жоао Феликс и денес на големо се пишува дека во Лисабон веќе пристигнала понудата од Мадрид.
Наводно, Реал понудил 80 милиони евра за овој 19 годишник кој ја воодушеви фудбалската Европа во изминатата сезона.
Според понудата на Реал, Бенфика би добила веднаш 80 милиони евра, но и „кралевите“ би го позајмиле Феликс да одигра уште една сезона во Лисабон, што секако е интересна понуда.
Меѓутоа од Бенфика изгледа не биле расположени за таков вид на договор и тие сакаат само 120 милиони евра веднаш и тешко дека ќе го пуштат Феликс по некој друи услови.
Интересот за оваа млада ѕвезда е огромен. Покрај Реал Феликс се поврзуваше со Јувентус, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, па ќе биде интересно да се види дали во овој преоден рок ќе го напушти Лисабон и каде ќе замине ако го напушти.