Дома Фудбал Лига на шампиони Реал Мадрид имаше судиска помош: Шпански судија објасни зошто Винисиус морал да биде исклучен

Реал Мадрид имаше судиска помош: Шпански судија објасни зошто Винисиус морал да биде исклучен

Во редовите на Лајпциг не се задоволни од вчерашното судење против Реал Мадрид во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите, а веројатно и со право.

На главниот арбитар му се замерува за ситуацијата во која не го исклучи Винисиус Жуниор. Бразилецот во второто полувреме прво грубо стартуваше од зад грб врз Орбан, а потоа и го турна на земјата.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


За таа ситуација доби само жолт картон, легендарниот судија Итуралде Гонзалез објаснува зошто Винисиус требало да биде исклучен.

„Судијата слободно можеше да го исклучи Винисиус. Направи втор некоректен старт во иста акција и неговиот удар заврши во вратот на противникот, не во градите. Реал Мадрид имаше судиска помош, мораше да го завршат натпреварот со десет фудбалери“, изјави Итуралде.

Токму Винисиус нешто подоцна го постигна голот за „кралевите“, па така револтот кај Германците е само поголем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Манчестер јунајтед доби „корпа“: Ливерпул бесплатно ќе се засили со голема ѕвезда!?

Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен е при крајот на неговиот договор и за неколку недели може д…