Дома Трансфер зона Реал Мадрид за синот на легендарниот аргентински фудбалер плаќа 15 милиони евра?

Реал Мадрид за синот на легендарниот аргентински фудбалер плаќа 15 милиони евра?

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид е заинтересиран да го доведе 20-годишниот играч за врска на Аргентинос Јуниорс Федерико Редондо кој е син на легендарниот Фернандо Редондо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Легендарниот Редондо најголемата трага ја остави токму во дресот на Реал Мадрид. Во своите редови младиот Редондо сака да го види и Диего Симеоне од Атлетико Мадрид, меѓутоа се споменуваа уште Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Се уште не е познато дали Реал е спремен уште сега да го доведе Редондо или пак на лето, но извесно е дека младиот Аргентинец го минува последниот период во Аргентина.

Ќе потсетиме, неговиот татко исто така започна во Аргентинос Јуниорс од каде што се пресели во Тенерифе, а подоцна играше за Реал Мадрид и Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…