Реал Мадрид наводно е спремен да постави нов рекорд кога се во прашање трансферите во обидот да го донесе Килијан Мбапе.
Според пишувањата на Le Parisien, Кралскиот клуб е спремен да понуди неверојатни 400 милиони евра за 20-годишниот Французин.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Моменталниот рекорд е во сопственост на Нејмар, кој во 2017. година од Барселона премина во ПСЖ за 222 милиони евра.
Мбапе веќе некое време е на радарот на Реал Мадрид и голема желба на Перез, кој ова лето сепак не успеа да го донесе, но и натаму не се откажува од намерата.
Играчот на ПСЖ имаше неверојатна сезона зад себе во која на 43 натпревари постигна 39 погодоци и запиша 17 асистенции.
Тимот од Париз од друга страна е заинтересиран за Винисиус Жуниор, па според пишувањата на Diario Sport тоа може да биде клучен фактор во обидот двете страни да постигнат договор.
Spanish La Liga giants Real Madrid are considering a world-record bid of €400 million to sign Paris Saint Germain’s star striker Kylian Mbappe, as per Le Parisien cited by https://t.co/PUHuEJXfBa. pic.twitter.com/Kp8HvJK9Tp
— TrueRealMadridista (@TrueRealMadrid1) November 13, 2019