Дома Фудбал Останато Реал Мадрид е највредниот клуб во светот!

Реал Мадрид е највредниот клуб во светот!

Според најновата листа на Форбс најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот.

„Форбс“ ја објави најновата листа, а на истата е забележително дека доминираат клубовите од англиската Премиер лига.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид е највреден клуб со вредност од дури 4.2 милијарди долари, а зад нив следи нивнито најголем ривал Барселона со точно четири милијарди вредност. Манчестер Јунајтед се
најде на третата позиција со 3.8 милијарди долари. Во топ 5 се уште Баерн Минхен 3.0 милијарди долари и Манчестер Сити 2.69 милијарди долари.

Подолу на листата од Премиер лигата се најдоа: Челзи, Арсенал, Ливерпул, Тотенхем, Вест Хем, Евертон и Њукасл. Претставници на Серија А се: Јувентус, Интер, Рома и Милан. Од Шпанија тука се: Реал Мадрид, Барселон и Атлетико Мадрид . Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и Шалке се од Бундес лигата, додека Пари Сен Жермен е единствен клуб од Франција.

Реал Мадрид – 4,2 милијарди долари

Барселона – 4 милијарди долари

Манчестер ј. – 3,8 милијарди долари

Баерн Минхен – 3 милијарди долари

Манчестер сити – 2,69 милијарди долари

Челзи – 2,6 милијарди долари

Арсенал – 2,3 милијарди долари

Ливерпул – 2,18 милијарди долари

Тотнем – 1,62 милијарди долари

Јувентус – 1,51 милијарди долари

ПСЖ – 1,09 милијарди долари

Атлетико Мадрид – 953 милиони долари

Борусија Дортмунд – 896 милиони долари

Шалке – 638 милиони долари

Интер – 672 милиони долари

Рома – 622 милиони долари

Вест Хем – 616 милиони долари

Милан – 583 милиони долари

Евертон – 476 милиони долари

Њукасл – 381 милиони долари

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бернардо Силва се сели во Барселона

Англиските медиуми пренесуваат дека Бернардо Силва донел конечна одлука да го напушти Манч…