Дома Топ вести Реал Мадрид го претстави Ѓулер – сонува да стане клупска легенда!

Реал Мадрид го претстави Ѓулер – сонува да стане клупска легенда!

Реал Мадрид денеска и официјално го претстави Арда Ѓулер, а на прес-конференцијата пред новинарите зборуваше и претседателот Флорентино Перез.

Перез му посака добредојде на турскиот тинејџер во славниот шпански клуб, а фудбалерот истакна дека за него и неговото семејство ова е ден за паметење. Ѓулер на промоцијата истакна дека сонува да стане клупска легенда на Реал Мадрид.

Ѓулер во Мадрид ќе го носи дресот со број 24, а тоа значи дека Сезар Валехо во само еден месец вторпат го отстапува својот број. Претходно тоа го направи и со „петката“ која ја избра Џуд Белингам. Валехо сега се одлучи за дресот со број „25“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…