Дома Топ вести Реал Мадрид го избра наследникот на Крос

Реал Мадрид го избра наследникот на Крос

Реал Мадрид покажува сериозен интерес за ѕвездата на Баерн Минхен и германски репрезентативец, Џошуа Кимих, пренесуваат шпанските медиуми.

Перез го сака Кимих да биде наследник на Тони Крос, кој ја игра последната сезона во дресот на „кралевите“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кимих има договор со Баерн до 2025 година, а следното лето ќе влезе во последната година и нема најави за негово продолжување.

Поради тоа Баерн Минхен е спремен да го продаде на крајот на сезоната и веќе ја одредил цената. „Билд“ пренесува дека за неговата слобода Баварците бараат 75 милиони евра.

Реал Мадрид нема да има проблем да ја плати таа сума, но треба да ја победи конкуренцијата бидејќи за Кимих интерес покажуваат уште Барселона и Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…