За два дена ќе се одигра најголемото дерби во шпанскиот фудбал помеѓу Реал Мадрид и Барселона. Двата шпански гиганти силите ќе ги одмерат в недела на „Сантијаго Бернабеу“.
По осум кола двата тима се изедначени по бодови. Со сооднос од по седум победи и едно реми, двата ривали имаат по 22 бода, но Барселона е прва поради подобрата гол-разлика.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Реал Мадрид во оваа игра влегува ослабен, за дефанзивецот Едер Милитао, но и за голманот Тибо Куртоа. Иако пред само четири дена беше најавено дека Белгиецот ќе биде подготвен за големото дерби, тоа нема да биде случај.
Ситуацијата со Куртоа оди на подобро, меѓутоа тој нема да биде спремен за „Ел Класико“. Белгиецот не го одработи вчерашниот тренинг со екипата и на голот во „Ел Класико“ ќе биде Андреј Лунин.
Од друга страна добра вест за Анчелоти е што многу веројатно ќе може да смета на Антонио Рудигер кој заработи повреда против Шахтјор. Натпреварот помеѓу Барселона и Реал Мадрид се игра во терминот од 16:15 часот.