Дома Трансфер зона Никој од Реал Мадрид не го контактирал Рамос

Никој од Реал Мадрид не го контактирал Рамос

Серхио Рамос се уште е без договор со Реал Мадрид.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Договорот на капитенот на Реал Мадрид истекува на крајот од сезоната, а најава за продолжување на истиот се уште нема. Рамос од 1. јануари доби можност да преговара со заинтересираните клубови.

Шпанските медиуми пишуваат и дека Реал се уште не го контактирал својот капитен за да му понуди нов договор и ако е така изгледа се спремни да го изгубат. Се шпекулира дека негова замена може да биде Пау Торес од Виљареал.

Дека работите не одат во добра насока потврдува и изјавата на братот на Рамос кој е и негов агент.

„Некој ќе мора да објасни како и зошто дојдовме до оваа ситуација, капитенот и легендата на клубот да биде на оваа апсурдна листа играчи кои од денес можат слободно да преговараат и да се договрат со било кој клуб“, порача братот на Рамос.

Во Реал Мадрид Рамос пристигна во 2005 година и од тогаш одигра 666 натпревари и постигна 100 голови и навивачите сигурно нема да бидат задоволни ако тој си замине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…