Со оглед на катастрофалната сезона која ја игра Реал Мадрид, за очекување е Кралевите веќе во јануари да се обидат да донесат некое засилување во своите редови.
Според пишувањата на шпанските медиуми, тоа би требало да биде Марк Бартра од Реал Бетис, кој претходно беше член на Барселона долги години.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Бартра во јануари премина од редовите на Борусија Дортмунд во Бетис каде игра фантастично, а за награда повторно доби повик во репрезентацијата на Шпанија.
Проблем во реализацијата на трансферот би можела да биде откупната клазула која ја има Бартра, а таа наводно изнесува 60 милиони евра.
Бартра оваа сезона е стандарден во екипата на Бетис за кој одигра десет натпревари во Ла Лига и постигна еден погодок. Член на Барселона беше 14 години -од 2002. до 2016. година.