Младиот француски репрезентативец и член на Рен, Едуардо Камавинга привлече вниманието на многу европски гиганти.
17-годишниот играч за врска оваа сезона добива се поголема минутажа во тимот на Рен, а миниот викенд постигна победоносен гол против Лион.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Младиот Французин со своите настапи го привлече вниманието на многу европски гиганти, а дека станува збор за вонсериски талент говори и фактот дека веќе го доби епитетот „новиот Погба“.
Зидан сака да го донесе во своите редови, па Реал веќе остварил првични контакти за ангажман на Камавинга, но „кралевите“ ќе се соочат со жестока конкуренција бидејќи за играчот силен интерес покажува и ПСЖ.
Манчестер Јунајтед, Милан и Барселона исто така го следат младиот фудбалер, кој е роден во Ангола, но интересот на „кралевите“ и на „светците“ е најконкретен.