Дома Топ вести Реал и Манчестер Јунајтед се „тепаат“ за ѕвездата на Бенфика

Реал и Манчестер Јунајтед се „тепаат“ за ѕвездата на Бенфика

Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед покажуваат силен интерес за младиот дефанзивец на Бенфика, Антонио Силва.

Станува збор за 20-годишен централент дефанзивец, кој одигра фантастично оваа сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тој веќе е стадарден и во португалската репрезентација, а скаутите на европските гиганти се убедени дека Силва има потенцијал да биде нова голема ѕвезда во иднина.

Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид се во потрага по квалитетен дефанзивец и ќе се обидат да го донесат Португалецот во јануари.

Меѓутоа, тоа воопшто нема да биде лесно бидејќи Силва има договор со Бенфика до 2027 година, а португалскиот клуб за неговата слобода бара 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Рабио се сели во Премиер лигата

Манчестер Јунајтед и Њукасл покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Јувентус и фра…