Ѕвездата на Арсенал Пјер-Емерик Обамејанг се двоуми околу потпишувањето на новиот договор и моментално ги „замрзна“ преговорите со клубот.
Договорот на Обамејанг важи до летото 2021 година, а иако челниците на лондонскиот клуб имаат намера да му понудат нов подобар договор него не му се брза.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Медиумите во Англија пишуваат дека Габонецот ги одложува разговорите за продолжување на соработката бидејќи за него интерес покажуваат Реал Мадрид и Барселона.
Англиските медиуми пишуваат дека напаѓачот ги „замрзнал“ преговорите со клубот, особено после лошата сезона на „топџиите“.
Африканецот на лето најверојатно ќе ја промени средината бидејќи сака нов предизвик во кариерата, а за неговиот потпис ќе се борат Реал Мадрид и Барселона.