Дома Топ вести Реал и Арсенал спремаат трампа која ќе го „потресе“ фудбалскиот свет!

Реал и Арсенал спремаат трампа која ќе го „потресе“ фудбалскиот свет!

Шпанските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Реал Мадрид и Арсенал подготвуваат трампа на фудбалери која ќе го „потресе“ целиот фудбалски свет.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Карим Бензема во Арсенал, Алексис Санчез во Реал Мадрид, е веста која денес го разбранува фудбалскиот свет.

Наводно Арсенал е свесен дека нема да може да го задржи Чилеанецот во своите редови и ќе направи се за тој да не заврши во некој друг клуб од Премиер лигата.

Во траката за потписот на Санчез после ПСЖ, Интер и Јувентус се приклучи и Реал Мадрид, бидејќи Зидан смета дека тој би бил идеално засилување за „кралевите“.

Сепак, Арсенал има услов и во спротивен правец го бара Карим Бензема, напаѓач кој веќе долго време е на радарот на „топџиите“.

Бензема оваа сезона често е мета на критики во Шпанија, па многумина сметаат дека е време да ја промени средината, а Премиер лигата секако е прва опција за него.

Реал сака да формира напаѓачко трио Роналдо – Санчез – Бејл и смета дека Чилеанецот лесно ќе се вклопи во тимот бидејќи има искуство во Примера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…