Дома Топ вести Реал има галактички план, Мбапе и Халанд во „пакет“

Реал има галактички план, Мбапе и Халанд во „пакет“

Реал Мадрид има големи планови и сака да ги донесе двајцата најдобри млади фудбалери во светот, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд за сезоната 2024/25.

Весникот „АС“ откирва дека во Реал Мадрид се оптимисти дека летото 2024 година можат да го доведат Ерлинг Халанд. Весникот тврди дека постои откупна клаузула во неговиот договор со Манчестер Сити.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Имено, за активирање на клаузулата Реал Мадрид ќе треба да плати помеѓу 220 и 240 милиони евра.

Овој трансфер нема да биде алтерантива на Килијан Мбапе, напротив, Реал сака да ги донесе двајцата во „пакет“. На Французинот му истекува договорот со ПСЖ следното лето и може како слободен агент да пристигне на „Сантиаго Бернабеу“.

Реал Мадрид ќе треба да обезбеди огромен буџет за плати, но тоа ќе го овозможи со заминувањето на Азар, Бензема, Модриќ и Крос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Роналдо го доби Јувентус на суд, ќе добие 19 милиони евра

Кристиано Роналдо го доби судискиот спор против неговиот поранешен клуб Јувентус за неиспл…