Дома Топ вести Реал „ИЗБРА“ мета, тој е одличен и достапен – Но што ќе каже Роналдо?

Реал „ИЗБРА“ мета, тој е одличен и достапен – Но што ќе каже Роналдо?

Познати се проблемите во ПСЖ, а Реал Мадрид и Флорентино Перез, би можеле да им помогнат на „светците“ да решат одреден дел…

Наводно, „кралевите“ во текот на јануарскиот преоден рок ќе се обидат да го доведат Јулијан Дракслер од редовите на ПСЖ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кога оваа вест ќе ја пренесе реномиран медиум како „Билд“, тогаш јасно е дека навистина има нешто. Овој извор тврди дека Реал ќе се обиде да го убеди клубот од Париз да се откаже од Дракслер во јануари и така да решат одреден дел со проблемите кога е финансискиот фер плеј во прашање.

Веќе пишувавме за бурниот период низ кој поминува екипата од Париз и јасно е дека ПСЖ ќе мора да се откаже од неколку фудбалери доколку сака да остане во границите на финансискиот фер плеј.

Од друга страна, Дракслер сигруно е фудбалер кој одлично би се вклопил во тимот на Зинедин Зидан, на прв поглед изгледа дека за Дракслер не би имало место во Мадрид, но ваква шанса да се доведе фудбалер од калибар на Германецот веројатно Реал не смее да ја пропушти. Посебно ако се знае дека Германецот во текот на летото преговараше со Барселона.

Но, познато е дека во Реал Мадрид големо влијание има Кристиано Роналдо кој сеуште не се огласил дали Дракслер е фудбалер по негова „мерка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…