Дома Фудбал Реал за ЕКСПЛОЗИЈА во тимот, чека само „ДА“ од Лондон

Реал за ЕКСПЛОЗИЈА во тимот, чека само „ДА“ од Лондон

Мадридрски Реал во следната сезона би можел да влезе со доста измени во составот, но со неколку врвни имиња во својот тим. Кралевите бараат засилувања, а имињата кои се поврзуваат со пристигнување на „Сантијаго Бернабеу“ би го направиле актуелниот првак на Европа потполно несоборлив.

Реал веќе одамна покажува интерес за Еден Азар и тој како што стојат работите наскоро ќе го облече дресот на мадридскиот тим. Сепак, ако Кралевите добијат пизитивен одговор од Тотенхем, шпаснкиот великан следната сезона би можел да биде експлозивен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што се наведува, Реал е подготвен да му понуди огромни пари на Тотенхем за Хари Кејн. Кралевите сакаат да го донесат фантастичниот напаѓач следното лето и тој им е прва опција, а понудата која ја подготвуваат е навистина импресивна.

Паричната понуда изнедува дури 170 милиони евра, но раководството на тимот од Мадрид е подготвено освен пари во спротивна насока да го испрати и Герет Бејл.

На Велшанецот во Реал повеќе не сметаат. Се повеќе се споменува неговото заминување кое сосем сигурно ќе се случи следното лето. Се врзува со Манчестер Јунајтед, но сигурно лесно може да се случи да се врати во Тотенхем.

Секако ќе биде интересно да се види што ќе се случува по овие понуди, а ако од Лондон кажат ДА, Реал ќе биде бомбастичен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…