Мадридските медиуми пренесуваат дека Раел Мадрид е загрижен поради „хајката“ која настана после досудениот пенал против Јувентус.
После пеналот досуден во последните секунди се направи цела „хајка“ против Реал во европските, но и каталонските медиуми, па „кралевите“ сметаат дека тоа може да влијае на УЕФА
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Марка“ наведува дека стравот на „кралевите“ додатно се зголемува поради фактот што против Баерн минатата сезона исто така имаше големи примедби на судењето и Германците обвинија дека биле сериозно оштетени.
Поради сето тоа судијата на дуелот Реал – Баерн би можел да биде под притисок, бидејќи е создадена таква атмосфера во цела Европа.
Поради тоа претставниците на Реал Мадрид ќе разговараат со УЕФА и ќе бараат за овој двомеч да биде избран искусен судија кој нема да подлегне на притисокот.