Дома Фудбал Останато Реал е „водач“ во бунтот против УЕФА и формирањето на Суперлигата!

Реал е „водач“ во бунтот против УЕФА и формирањето на Суперлигата!

Позади планот за формирање на Суперлига стои Реал Мадрид, иако долго време се веруваше дека Баерн Минхен е иницијатор на таа идеја.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Претседателот на Холандската фудбалска федерација, Михаел ван Праг откри дека Реал Мадрид е главен водач во бунтот против УЕФА.

Имено, Суперлигата е план на големите клубови за формирање на „затворена“ лига во која ќе се натпреваруваат само тие и ќе им донесе многу повеќе приход отколку Лигата на шампиони.

„Имаше закани кон УЕФА, но не од страна на Баерн, туку од Реал Мадрид. Заканите беа сериозни, претставниците на шпанскиот клуб користеа зборови кои не сакам да ги кажам“, откри Ван Праг во интервју за „Кикер“.

До сега се сметаше дека Баерн и Јувентус, односно Румениге и Ањели се иницијатири на проектот, но тие само работеле на проширување на идејата.

„Румениге направи се што беше во негова моќ за да ја нормализира ситуацијата помеѓу клубовите и УЕФА и сите заедно да седнат на заедничка маса“, открива Ван Праг,

Идејата е 16-те најголеми европски клубови да формираат Суперлига, а УЕФА жестоко се противи на тоа бидејќи таквиот проект ќе значи „смрт“ за Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алонсо е новиот тренер на Челси, веќе е познато и неговото прво засилување!

Чаби Алонсо е новиот тренер на тимот на Челси и ќе ја води оваа екипа во наредната сезона.…