Дома Трансфер зона Реал демантира: Не сме го платиле Азар 160 милиони евра

Реал демантира: Не сме го платиле Азар 160 милиони евра

Eден Азар минатото лето го напушти Челзи и премина во Реал Мадрид, тогаш „кралевите“ за неговиот трансфер платија 100 милиони евра или поточно такви беа официјалните информации.

Белгиските медиуми една година подоцна пишуваат дека Реал го платил Азар многу повеќе. Се шпекулира дека Реал и Челзи се договориле Азар да биде исплатен во три рати: 40 милиони евра (2019 година),  56 милиони евра (2020) и 64 милиони евра (2021).


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Кога овие суми ќе се собрат се доаѓа до бројка од 160 милиони евра. Ова би значело дека Азар би бил и најскап играч во историјата на Реал Мадрид. Официјално тоа е Герет Бејл со сума од 101 милион евра.

Меѓутоа сега се огласи и Реал Мадрид кој порача дека Азар го платиле „само“ 100 милиони евра и дека се друго е само шпекулации кои не се вистина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид го враќа Тео Хернандес

Реал Мадрид сака на лето да го врати во своите редови левиот бек на Милан, Тео Хернандес, …