Шпанскиот весник „АС“ објави дека Реал Мадрид работи на трансферот на Џуд Белингам и додава дека „кралевите“ ќе направат се за да го донесат како замена за Лука Модриќ.
Раководството на Борусија Дортмунд договорило состанок со 19-годишниот фудбалер за врска и неговиот татко за да разговараат за иднината.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Познато е дека Борусија ќе заработи многу пари на трансферот на Белингам, кој го купи во 2020 година за 25 милиони евра, а се очекува да добие околу 100-115 милиони евра.
Весникот тврди дека ова ќе биде најскапиот трансфер во историјата на Реал Мадрид и дека „кралевите“ со провизија за агентот ќе платат 140 милиони евра.
Досегашниот рекорд во „кралскиот“ клуб го држи Еден Азар кој беше платен 115 милиони евра.