Дома Топ вести Реал го плати 100 милиони, а додека клубот се мачеше против Виљареал тој гледаше НБА

Реал го плати 100 милиони, а додека клубот се мачеше против Виљареал тој гледаше НБА

Реал Мадрид го плати Орлиен Чуамени 100 милиони евра, но сега францускиот ас се најде на мета на критики поради непрофесионалното однесување.

Навивачите на „кралевите“ му замерија што Французинот минатата ноќ ја помина во Париз каде што гледаше НБА натпревар помеѓу Чикаго и Детроит додека Реал Мадрид едвај со пресврт обезбеди следна фаза од Копа Дел Реј.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Чуамени во овој момент е повреден, меѓутоа во Реал постои политика според која е предвидено фудбалерите кои се повредени да патуваат со остатокот од екипата за да дадат поддршка од трибините. Французинот не само што не беше на трибините, туку и си отпатува во татковината.

Кога сфати дека погрешил тој се извини преку социјалните мрежи.

„Се извинувам на мојот стручен штаб, соиграчите и навивачите што во времето кога игравме важен натпревар јас бев на друг евент. Цело време следев што се случува на натпреварот, но секако дека беше погрешна одлука. Жал ми е што погрешив“, изјави Чуамени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Постигнат договор: Лопетеги добива нова шанса во Премиер лигата

Веќе е познато дека Дејвид Мојс ќе ги напушти „Чеканите“ на крајот од оваа сезона, а долго…