Дома Трансфер зона Реал го најде наследникот на Рамос

Реал го најде наследникот на Рамос

Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за централниот дефанзивец на Вилјареал, Пау Торес, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Примарна цел на „кралевите“ на лето ќе биде засилување на одбраната, без разлика дали Рамос ќе остане на „Сантиаго Бернабеу“.

24-годишниот Торес е шпански репрезентативец и еден од најдобрите дефанзивци во Примера, па ќе биде примарна трансфер цел на Реал Мадрид.

Откупната клаузула на играчот на „жолтата подморница“ е 50 милиони евра, но Реал ќе се обиде да ја намали таа цена преку преговори.

Сепак, „кралевите“ треба да се изборат со конкуренцијата, бидејќи за дефанзивецот заинтересиран е и Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…