Дома Трансфер зона Реал го купува „турскиот Меси“

Реал го купува „турскиот Меси“

Реал Мадрид сака да ја победи конкуренцијата за младата ѕвезда на Фенербахче и турската репрезентација, Арда Гулер.

18-годишниот офанзивен играч за врска со своите партии го привлече вниманието на многу европски клубови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тој оваа сезона постигна 6 гола и 7 асистенции, скаутите веруваат дека е новата ѕвезда на европскиот фудбал, а веќе го доби и епитетот „турскиот Меси“.

Тој во договорот со Фенербахче има откупна клаузула од 17 милиони евра, сума која неколку клубови се спремни да ја платат.

Милан и ПСЖ веќе подолго време преговараат со неговиот агент, но Реал Мадрид сака да ја победи конкуренцијата и да го доведе на „Сантиаго Бернабеу“.

Откупната клаузула не е проблем, а Реал му нуди и бонус од 8 милиони евра на семејството на Гулер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан го избра наследникот на Жиру

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…