Дома Фудбал Реал ги негира обвинувањата, Перез најави тужба

Реал ги негира обвинувањата, Перез најави тужба

Нова бура го тресе шпанскиот фудбал, откако сега првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез беше обвинет дека поткупува судии.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во моменти кога Барселона води правна битка и е обвинета за поткуп во „случајот Негреира“, пристигна обвинување од поранешниот Комесар за натпреварување во Ла Лига, Виљарехо кон претседателот на Реал Мадрид.

Флорентино Перез не остана имун на овие обвинувања, тој веднаш покренал процедура за тужба на Виљарехо, Реал Мадрид преку соопштение ја потврди одлуката на претседателот.

„Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез нареди итно да се започне процедура за судска постапка против поранешниот комесар Виљарехо за неговите лажни обвинувања кои ги кажа на каталонската радио станица“, се вели во соопштението на кралскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Швеѓанецот го постигна еден од најубавите голови на СП, но не славеше. Еве зошто

Шведска започна силно на Светското првенство и на натпреварот од првото коло во групата Ф,…