Реал Мадрид во новата сезона ќе влезе со изменет состав, откако „кралевите“ решија значително да се засилат во летниот преоден рок.
Тренерот Зидан е спремен да направи реконструкција на тимот, на многу фудбалери ќе им биде отворена излезната врата, а нови ѕвезди ќе пристигнат на „Сантиаго Бернабеу“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Еден Азар и официјално е играч на Реал Мадрид за 100 милиони евра, а шпанските медиуми тврдат дека клубот во следните 48 часа ќе го претстави новото засилување.
Станува збор за левиот бек на Лион Ферлан Менди, за кого „кралевите“ ќе платат 50 милиони евра.
24-годишниот Французин доаѓа на „Сантиаго Бернабеу“ по барање на Зинедин Зидан, кој во својот сонародник гледа легитимен наследник на Марсело на левата бековска позиција.
Токму поради тоа се позасилени се шпекулациите дека Марсело може да биде продаден ова лето (ТУКА).