Дома Трансфер зона Реал веќе го контактирал агентот на Рашфорд

Реал веќе го контактирал агентот на Рашфорд

Интересот на Реал Мадрид за младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд е конкретен, тврдат англиските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Медиумите на Островот откриваат дека претставници на „кралскиот“ клуб веќе оствариле контакт со агентот на Рашфорд. Притоа, скаути на Реал Мадрид веќе подолго време ги следат настапите на англискиот репрезентативец.

Договорот на 21-годишниот напаѓач со Манчестер Јанајтед истекува за 18 месеци, што значи дека на лето ќе влезе во последната година од договорот. Рашфорд оваа сезона е во „немилост“ на Мурињо, па и самиот е спремен да ја промени средиата во потрага по поголема минутажа.

Агентите на Рашфорд ветиле дека ќе седнат на конкретни преговори со Реал Мадрид доколку неговиот статус на „Олд Трафорд“ не се промени во скоро време.

Од почетокот на сезоната напаѓачот беше стартер само на пет меча во Премиер лигата, па доколку не го продолжи договорот до крајот на сезоната „црвените ѓаволи“ ќе бидат приморани на лето да го продадат, во спротивно ќе го загубат без обештетување.

https://youtu.be/VK8Bfdd3Xb8

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…