Како да нема крај на шпекулациите за Килијан Мбапе и Реал Мадрид, а сега од Шпанија пристигнуваат нови информации.
Реномираниот „АС“ пренесува дека Килијан Мбапе би можел во Реал Мадрид само за „нула“ евра. Претходно францускиот „Л’Eкип“ објави дека Мбапе нема да ја активира клазулата за автоматско продолжување на договорот кој му завршува летото 2024 година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тоа би значело дека Реал треба да почека само уште една година и да го доведе Мбапе бесплатно. Мбапе има 24 години и секако дека може уште долги години да игра фудбал на највисоко ниво.
Во минатиот преоден рок Мбапе веќе беше виден во Мадрид, но тогаш неочекувано одлучи да го продолжи договорот и потпиша договор 2+1. Сезонава францускиот голгетер постигна 40 голови на 41 натпревар во сите натпреварувања.
🚨🌕| JUST IN: Real Madrid are planning to go for Kylian Mbappé in 2024, when he's a free agent. @lequipe #rmalive 🇫🇷 pic.twitter.com/v2SZrusjKH
— Madrid Zone (@theMadridZone) May 24, 2023