Дома Трансфер зона Реал бара дефанзивец за наследник на Рамос, три имиња се мета

Реал бара дефанзивец за наследник на Рамос, три имиња се мета

Серхио Рамос веќе 15 години е главен играч во одбраната на Реал Мадрид, но јасно е дека влегува во поодминати години.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Рамос во редовите на „кралевите“ пристигна летото 2005 година од Севиља за 27 милиони евра и тоа се покажа како полн погодок. Повеќе од 15 години игра во дресот на Реал и може да се каже дека израсна во вистински лидер.

И оваа сезона шпанскиот дефанзивец е еден од најдобрите играчи на „кралевите“ и иако има веќе 34 години и понатаму игра во одлична форма. Меѓутоа неговиот договор истекува на крајот на оваа сезона и се уште нема најави дека ќе биде продолжен.

Тешко е да се верува дека Реал ќе си дозволи да го изгуби Рамос, но „Марка“ утрово објави дека клубот бара долгогодишно решение за стоперската позиција.

Според нивните информации играчите кои Реал ги следи се: Пау Торес (Виљареал), Давид Алаба (Баерн) и Џулс Кунде (Севиља).

Реал ги има Милитао и Варан, но и двајцата во последно време не се баш во форма и треба да се очекува Реал во јануари или на лето да доведе засилување во последната линија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…