Дома Македонски спорт Мак фудбал Реакција на „Комити“: Одлуката на ФК Гостивар е срамна!

Реакција на „Комити“: Одлуката на ФК Гостивар е срамна!

Навивачката група „Комити“ се огласи по одлуката натпреварот помеѓу Гостивар и Вардар да се игра без присуство на публика.

Од Гостивар прво сакаа натпреварот да го играат во Штип, но кога тоа не успеа приморани беа средбата да ја организираат во Маџари.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Стадионот „Борис Трајковски“ одреден период и беше дом на Вардар, па така во Гостивар се свесни дека црвено-црните би имале голема поддршка.

Но, без разлика што има забрана за присуство на публика од „Комити“ најавија дека ќе бидат во Маџари да ја дадат својата поддршка во натпреварот кој се игра в недела од 15:00 часот.

„Одлуката на Управата на ФК Гостивар, натпреварот во недела да биде одигран без присуство на публика, ја сметаме за срамна и ја отфрламе во целост!

Во недела, СИТЕ ЗАЕДНО ќе се упатиме кон стадионот, со една цел – поддршка за Вардар, сега кога е најпотребна. И тоа никој не може да го спречи!

Собир: Недела [15.09.2024] | 13:00ч.

Локација: Кино Маџари

Поаѓање:14:00ч.

Ги замолуваме сите кои ќе присуствуваат да не подлегнуваат на никакви провокации и внимателно да ги слушаат инструкциите на надлежните членови!

Се враќаме онаму каде што со години, искрено се бранеше црвено-црното. Онаму каде што народот извојуваше голема победа за клубот, во која учествуваа сите генерации на Вардарци!

Упатуваме апел до сите нив, до сите генерации, ДО ТЕБЕ! Не седи дома, не мисли, време е повторно за борба-за Вардар наш!“, стои во соопштението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…