Килијан Мбапе летово се пресели во Реал Мадрид и тоа откако претходно неколку преодни рока констатно се поврзуваше.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Од неговото доаѓање во Мадрид се следи секој потег на Французинот, па така навивачите сега го забележаа и моментот кога Лука Модриќ го допре за главата при излегувањето од тунелот за натпреварот за викендот против Реал Сосиедад.
Мбапе е познат како некој кој не сака да го допираат по главата, а тоа најдобро се гледа од видеото од соблекувалната на Франција.
Сепак, кога е Модриќ во прашање издржа да не се истакне со некоја посебна реакција.