Дома Македонски спорт Мак ракомет Раул повика на претпазливост: ПИК Сегед е сериозен противник!

Раул повика на претпазливост: ПИК Сегед е сериозен противник!

Македонскиот и европски шампион Вардар имаше пефектен старт на сезоната во ЛШ, а добрата низа ќе се обида да ја продолжи на гостувањето во Унгарија против ПИК Сегед.

„Секогаш кога се игра против ПИК Сегед е тешко. Така ќе биде и овој пат. Нивниот тренер е навистина добар и тие играат со многу тактика. Досега два пати победивме во Сегед во Лигата на шампионите. Очекувам најтежок натпревар за нас досега. Ако сакаме да успееме мораме да одиграме најдобро, да се подобри нападот. Имаме доверба во нас бидејќи сме прво место, но мора да се вратиме во добра кондиција. ПИК Сегед е најголем противник. Мора да се браниме добро“, изјави тренерот на Вардар, Раул Гонзалес.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вардар во претходните три натпревари во Лигата на шампионите има исто толку победи, додека ПИК Сегед по стартниот пораз во Нант забележа две победи.

Вардар е поуспешен во меѓусебните дуели, на шесте натпревари со унгарскиот тим има реми, пораз и четири победи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Миовски пресреќен: Чест ми е што сум во тимот на сезоната во Шкотска!

Репрезентативецот на Македонија, Бојан Миовски доби место во идеалниот тим на Премиер лига…