Дома Топ вести Раул одбил да го тренира славниот германски клуб

Раул одбил да го тренира славниот германски клуб

Славниот напаѓач, Раул Гонзалес повеќе од една деценија не е активен на фудбалските терени како играч, но остана во фудбалот и работи како тренер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Но, во тренерската работа Гонзалес немал некој посериозен ангажман и работи со младински категории и Б тимот на Реал Мадрид. Секако дека има желба да води и клуб на големата сцена, но Раул не брза.

Сега медиумите пишуваат дека одбил понуда од германскиот гигант Шалке. Подолго време Шалке е во криза и сега настапува во германската втора лига каде што се наоѓа на катастрофалното 16. место.

Гонзалес наводно добил повик да дојде и да му помогне на поранешниот клуб, но одговорот на Шпанецот бил дека ќе продолжи да работи во Мадрид. Шалке како играч го носеше дресот на Шалке од 2010 до 2012 година и постигна 40 гола на 97 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Фабио Капело ја знае причината зошто италијанскиот фудбал толку паднал во светот!

Легендарниот италијански фудбалски директор Адриано Галијани е јасен за причината за падот…