Дома Македонски спорт Раул: Игравме „7 на 6“, пробавме и „6 на 6“, но не успеавме

Раул: Игравме „7 на 6“, пробавме и „6 на 6“, но не успеавме

Македонија вчера доживеа пораз од Исланд и така не успеавме да обезбедиме место во главната фаза на Светското првенство.

Нашиот селектор Раул Гонзалез во последните 15 минути се обиде да ја промени тактиката, сепак ниту тоа не ни донесе позитивен резултат.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во првиот дел одигравме одлично и имавме и предност, но сепак во вториот дел Исланд ја зацврсти одбраната и имавме период од девет минути без постигнат погодок.

Свој коментар за натпреварот даде и тренерот Раул.

„Навистина не би можел да кажам каде го изгубивме овој натпревар. Тешко беше од самиот почеток и се залагавме 100%. Во првото полувреме Борко беше одличен се функционираше, но потоа во вторите 30 минути изгледавме изморено. Мораме да бидеме искрени и да кажеме дека тие беа подобри. Игравме „7 на 6“, потоа сменивме и во „6 на 6“ се надигрувавме до самиот крај, сепак не успеавме“, изјави Раул после натпреварот.

Македонија после овој пораз ќе разигрува од 13-та до 16-та позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Куманово објави ново видео: Погледнете како се „поздравува“ играчот на Шкендија 🎥

Изминатите неколку дена во центарот на вниманието на македонската фудбалска јавност е дерб…