Дома Трансфер зона Расте незадоволството: Уште еден играч призна дека не е среќен во Баерн!

Расте незадоволството: Уште еден играч призна дека не е среќен во Баерн!

Баерн е на добар пат да ја освои титулата во Бундес лигата, веќе се пласираа во четвртфиналето од ЛШ, но ни сите тие успеси не можат да го спречат незадоволството кај поедини играчи од тимот.

После Даглас Коста, која јавно изјави дека не е среќен со актуелниот статус во клубот, уште еден играч го искажа своето незадоволство од статусот кај Карло Анчелоти.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Станува збор за Џошуа Кимич, германски репрезентативец кој подеднакво добро игра и како играч за врска и како десен бек.

„Факт е дека не сум задоволен од статусот во Баерн и сакам тоа да го променам. Тренерот знае дека можам да играм во средниот ред и како десен бек, но и како стопер. Поради тоа сметам дека има многу опции како да ме употреби. Ги знам своите слабости и работам на нив. Сега кога имаме голема предност во Бундес лигата има многу простор за ротација, но незнам колку ќе има место за мене“, изјави Кимич.

Раководството на Баерн и тренерот Анчелоти неодамна изјавија дека во Кимич гледаат наследник на Филип Лам, па поради тоа младиот Германец ќе мора да биде трпелив.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…