Дома Топ вести Распродажба во Барса, овие петмина мораат да заминат – Погледнете ги бројките и СЕ ќе ви стане јасно!

Распродажба во Барса, овие петмина мораат да заминат – Погледнете ги бројките и СЕ ќе ви стане јасно!

Проценките се јасно изнесени, клубот вака едноставно не може да функционира…

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Барселона секако нешто ќе направи во преодниот рок, како што пишувавме Валверде тврдоглаво наметнува свои приоритети, но и од финансиска страна клубот мора да повлече некои потези.

Приоритет е да се намалат платите, поточно вкупните двачки за плати на фудбалери кои и немаат така голема улога во тимот на Каталонците.

Финанискиот директор Грау на претседателот Бартомеу веќе му соопшти дела Барселона би требало да се ослободи од петмина фудбалери.

Голема сума добива Арда Туран на кого му остануваат 18 месеци од договорот и добива 8.2 милиони евра по сезона. Но тоа не е се, Вермален и Алеш Видал исто така се на продажба, а сакаат да се ослобдат и од Гомеш, но во овој момент никој не сака да плати 40 милиони евра за Португалецот. Неговата плата изнесува околу четири милиони евра, Вермален добива три, Пако Алкасер дури пет, се шпекулира дека можат да заминат уште Делофеу кој добива 4.5 милиони и Рафиња кој има плата од три милиони.

Сето ова би биле големи заштеди и на Барселона би и овозможило да доведе централен дефанзивец како Лапорт, а можеби и Кутињо. Останува и Озил како опција, но на оваа одлука се против Валверде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…