Португалскот лев бек Фабио Коентрао се уште е под договор со Реал Мадрид, но никој од „кралскиот“ клуб не знае каде се наоѓа, па весникот „АС“ распиша „потерница“ по него.
Искусниот 30-годишниот дефанзивец минатата сезона играше на позајмица во Спортинг Лисабон, но сепак нема ни трага, ни глас од него по финалниот дуел од Купот против Авес.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Коентрао се нема појавено во тренинг центарот Валдебебас, нема објавено никаков пост на социјалните мрежи неколку месеци, а со оглед на тоа што не е заинтересиран да си пронајде нов клуб, угледниот мадридски „АС“ сега отвори „потерница“ по Фабио.
„Се бара следниот човек. Одговара на името Фабио Александре да Силва Конетрао, има 30 години, висок е 1 метар и 78 сантиметри и има околу 70 килограми. Последен пат е виден на фудбалски терен на 20 мај во Оеирас, денот кога загуби со Спортинг во финалето на Купот од Авес… Ова лето никој го нема видено во Валдебебас, има уште една година од договорот со Реал Мадрид според кој треба да заработи уште 4 милиони евра. Дури и во Португалија немаат никакви вести за него“, објавува шпанскиот весник.
Коентрао е член на Реал од 2011 година, но не се снајде најдобро во Мадрид и одигра само 43 натпревари. Пред Спортинг, беше на позајмица во Монако, а беше член и на Национал, Рио Аве и Сарагоса.
➡️ Nunca apareció por Valdebebas este verano
➡️ Tiene aún un año de contrato, pero el Madrid espera que su agente le encuentre una salidahttps://t.co/hIsZ8K8h2k— AS (@diarioas) August 22, 2018