Со доаѓањето на Ралф Рангник на кормилото, Манчестер Јунајтед сериозно се вклучи во трката за потписот на Ерлинг Халанд.
Норвешката гол-машина е на мета на многу европски гиганти, а се очекувана лето да ја напушти Борусија Дортмунд бидејќи во неговиот договор ќе има откупна клаузула од 75 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Многу европски гиганти веќе ја започнаа битката за потписот, а Јунајтед има дополнителна помош, а тоа е тренерот Ралф Рангник.
Рангник беше спортски директор на Салцбург кога тогаш анонимниот Халанд се приклучи на австрискиот тим од Молде.
Наводно, Рангник има исклучителен однос со Халанд и неговото семејство, а тој стапил во контакт со таткото на Халанд, Алф-Инге за да започне преговори, уверувајќи го дека доаѓањето во Манчестер ќе биде полн погодок за Норвежанецот.