Барселона синоќа повторно славеше над Реал Мадрид со 1:0 на „Сантиаго Бернабеу“, а натпреварот го одбележа инцидентот помеѓу Серхио Рамос и Меси.
Стоперот на Реал го удри Аргентинецот во лицето пред крајот на првиот дел, а тоа силно го налути Меси па дојде до вербална пресметка меѓу двајцата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тој инцидент крена голема прашина, а Рамос после мечот истакна дека немал намра да го удри Меси и дека не бил добо разбран.
„Тоа беше една нормална акција, немаше никаков намерен гест. Не сакав да го удрам Меси, но тој погрешно ме разбра и лошо го прифати тоа. Сепак, оваа ситуација останува на теренот и завршува таму“, порача Рамос по мечот.
https://youtu.be/vTQ1GqFTyW4
После мечот се огласи и дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике кој не ја криеше разочараноста од грубата игра на противникот.
„Многу сакам да играм овде, тоа се мечеви „на се или ништо“ што го вадат најдоброто од секој од нас. И минатата година се најдовме во слична ситуација во шпанското првенство, но знаеме што ни се случи во ЛШ. Се надевам дека овојпат ќе бидеме подобри и во Европа. Разочаран сум од начинот на кој Реал играше против Меси, само во Мадрид може да се случи Лео да изеде таков ќотек, а судијата да не санкционира речиси никого“, изјави Пике.