Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос денес на вонредна пресконференција ја соопшти одлуката за својата иднина.
Изминатите денови во Шпанија главна тема беше веста дека Серхио Рамос сака да го напушти Реал Мадрид.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дури и претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез јавно призна дека Рамос побарал од клубот да му биде дозволено да се пресели во Кина.
Денес Серхио Рамос донесе конечна одлука и ја соопшти на пресконференција.
„Сакам да ги расчистам работите, јас сум мадридиста, сакам да се пензионирам тука. Кога ќе заминам сакам тоа да биде на предна врата, победнички“, започна Рамос.
„Никогаш не сакав да одам во Кина, не сум побарал слобода. Во изминатите денови се шпекулираше многу. Синоќа имавме состанок со Флорентино и разрешивме се, се договоривме да градиме иднина заедно во Мадрид. Не ме интересира ништо друго. Никогаш не би заминал во клуб кој би можел да игра против Реал Мадрид“, истакна Рамос, а потоа проговори за можноста да го продолжи договорот.
„Би го продолжил договорот доживотно, со претседателот имам однос како со татко, имаме одлична комуникација. Парите никогаш не се проблем, за Реал би играл и бесплатно“.