Дома Фудбал Лига на шампиони Рамос: Сега на сите им е јасно дека сме подобри

Рамос: Сега на сите им е јасно дека сме подобри

Реал Мадрид се пласираше во големото финале на ЛШ откако со вкупни 4:3 во полуфиналето беше подобар од Баерн Минхен.

Кралевите така стигнаа до своето четврто финале во последните пет сезони, а трофејот на 26. мај во Киев ќе го брани против подобриот од второто полуфинале меѓу Ливерпул и Рома.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако според многумина Баерн беше подобар во двата натпревари, но дефанзивецот на кралскиот клуб Серхио Рамос смета дека Реал во овој момент е подобар и заслужил финале.

„Реал заслужи да биде во финалето во Киев. Белиот ДНК нас не тера да правиме невозможни работи до самиот крај, да идеме преку граница. Заслуживме да уживаме во овој момент, но и да се спремаме за финалето во кое не чека незгоден противник. Другите зборуваат за нас, а ние зборуваме каде е потребно, на теренот. Така сакаме, така е најдобро.“ – изјави Рамос, па даде коментар за Баерн:

„Секоја чест и за Баерн, голем клуб и голем тим. Тоа го демострираат низ сите овие години. Но, ние сме подобри, тоа сега на сите им е јасно.“

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…