Серхио Рамос мака мачи со повредите откако дојде во ПСЖ.
Шпанскиот дефанзивец чекаше цели четири месеци да дебитира за „светците“ и тоа се случи минатиот викенд против Сент Етјен. Сепак, веднаш по тој натпревар Рамос се пожалил на болка во мускулот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во четвртокот Рамос се обиде да тренира, но од лекарскиот тим на ПСЖ проценија дека ризикот од нова повреда е преголем, па капитенот на Реал Мадрид го чека нова пауза.
„Мораме да внимаваме со неговата премореност на мускулите. Рамос неодамна се врати од долга пауза и затоа нема да игра против Ленс. Очекуваме веќе в недела да тренира со тимот“, објавија од ПСЖ.
За овој натпревар Покетино нема да може да смета на Нејмар, Дракслер и Ерера.