Дома Фудбал Рамос пред дербито: „Би било одлично да постигнaм гол против Барселона“. По натпреварот изјавата стана вирална

Рамос пред дербито: „Би било одлично да постигнaм гол против Барселона“. По натпреварот изјавата стана вирална

БАРСЕЛОНА ја победи Севиља со 1:0 во првото дерби од осмото коло на Ла Лига и со тоа барем привремено го презеде врвот во шпанското првенство, додека второто дерби ќе го одиграат Џирона и Реал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На стадионот во Барселона до 76. минута беше 0:0, а потоа великанот на Реал, Серхио Рамос си постигна автогол и му донесе важна победа на својот поранешен лут ривал.

Голот погледнете го ТУКА

По натпреварот, најавата на Рамос за натпреварот стана вирална: „Би било убаво да го постигнам првиот повратен гол за Севиља против Барселона, но јас сум фокусиран на одбраната и натпреварот да го завршам со чиста мрежа“.

Не е чудно што стоперот Рамос сакаше да постигне гол против Барселона, бидејќи во кариерата постигна дури 133 гола. Тој продолжи да постигнува голови против Барса, но во погрешна мрежа, па разбирливо е зошто неговата изјава пред натпреварот стана хит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чеферин со една реченица предизвика реакција на СП, па доби брз одговор!

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александер Чеферин, беше критикуван од…