Дома Фудбал Лига на шампиони Рамос поради стартот над Салах може да плати – милијарда евра!

Рамос поради стартот над Салах може да плати – милијарда евра!

Сумата воопшто не е мала!

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Извесен Бесам Вахба, адвокат од Египет поднесе тужба против фудбалерот на Реал Мадрид, Серхио Рамос поради стартот над Мохамед Салах во финалето од Лигата на шампионите.

Господинот на една египетска телевизија најави дека ќе бара оштета од дури милијарда евра! Според неговите зборови тужбата уредно пополнете веќе е испратена до ФИФА.

„Рамос со намера го повреди Салах и мора да биде казнет поради тоа. Барам компезација од милијарда евра поради нарушување на психичкото и физичкото здравје, целата сума ќе биде поделена на Салах и египетскиот народ“, објасни Вахда.

Сега се чека одговорот од ФИФА.

Иако постоеше страв дека „Фараонот“ ќе го пропушти Светското првенство во Русија сепак според последната изјава на фудбалерот тој ќе биде спремен за настап на Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Арсенал се израдува за корнер, а судијата ги испрати во соблекувална! (Видео)

Еден необичен момент го обележи крајот на првото полувреме помеѓу Арсенал и ПСЖ кога главн…