Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос како што се наведува на челниците на клубот им го препорачал играчот во кого ја гледа својата идеална замена на стоперската позиција.
Рамос според наведувањата на шпанските медиуми, во иднина ќе игра помал број на натпревари бидејќи сака да се сочува од повреди кои би можеле да му ја скратат кариерата, па Кралевите веројатно ќе бидат принудени да ангажираат уште некој дефанзивец.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, се тврди дека Рамос на раководството на клубот јасно им порачал дека нема потреба од доведување на скапоцени фудбалери и дека Начо Фернандез е идеална замена за него на стоперската позиција.
Овој 27-годишен дефанзивец ги мина сите младински селекции на Реал. Еден е од ретките кои доби шанса во првиот тим и фантастично ја искористи. Рамос е задоволен од неговиот учинок и верува дека тој е идеално решение за задната линија во тимот во идните години.