Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос не сака да отстапи од своите барања за да го продолжи договорот шампионот на Шпанија па затоа неговата иднина во Реал е неизвесна.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шпанските медиуми пренесуваат дека искусниот дефанзивец не сака да прифати намалување на платата. Управата на клубот сака да го ослободи буџетот од високите плати и сегашните 13 милиони евра за голем терет за „кралевите“.
Иако претседателот Флорентино Перез и соработниците очекуваа Рамос да прифати намалување на платата и да даде пример на останатите тоа не се случи.
Ова се потсетува на ситуацијата со Кристиано Роналдо. Португалецот тогаш не се согласи на слични услови и си замина од Реал Мадрид во Јувентус. Рамос е свесен дека се уште може да најде клуб кој ќе му даде голем договор, па затоа не сака да попушти. Посебно ако се реши да оди во МЛС лигата.