Во петокот Луис Енрике го објави списокот на шпанската репрезентација за Мундијалот, а најголемото изненадување беше што на него го немаше Серхио Рамос, а кога малку се стивнаа страстите, тој реши да се огласи на Инстаграм.
Енрике направи неколку изненадувачки потези во врска со ростерот на Црвената фурија и ќе биде интересно да се види што од сето тоа ќе излезе на крајот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Она што најмногу ја изненади шпанската јавност е фактот што Серхио Рамос, кој сезонава е стандарден во ПСЖ, не доби покана иако искусниот дефанзивец успеа да се врати во добра форма.
Шпанците беа сигурни дека Рамос ќе добие покана поради се што и дал на репрезентацијата во кариерата, но на крајот тоа не се случи. Јасно е дека таквиот потег непријатно го изненади и самиот Рамос, а неколку дена по објавувањето на списокот се огласи шпанскиот дефанзивец.
„Минатата сезона ми беше тешка поради повреда и адаптација во нов клубиот и град. Целосно се дадов себеси, телото и душата да се опоравам и да се вратам на нивото на кое бев и тоа се очекува од мене“, започна Рамос и продолжи. .
„За среќа, можам да кажам дека оваа сезона конечно се чувствувам како моето старо јас и дека повторно уживам во фудбалот и сум среќен што играм во голем клуб како ПСЖ“.
„Светското првенство? Се разбира, тоа беше големиот сон што сакав да го остварам, тешко е. Но, сонцето повторно ќе изгрее и утре. Ниту мојот менталитет, ниту мојата страст, ниту мојата желба и посветеност да размислувам за фудбалот 24 часа на ден нема да се промени“, порача Рамос.